Целулитот е проблем со кој се соочуваат 90% од жените и што понекогаш тврдоглаво останува и покрај напорното вежбање.
Освен што треба да вежбате редовно и да пиете многу вода, потребен ви е квалитетен пилинг кој ќе ја придвижи циркулацијата и ќе ви помогне да се ослободите од целулитот.
За овој пилинг потребни ви се само 3 состојки – мелено кафе, морска сол и кокосово масло.
Постапка:
Во шолја мелено кафе додајте 6 лажички растопено кокосово масло и 3 лажички сол и промешајте ги добро сите состојки.
Пред секое туширање со четка од природни влакна измасирајте ги сите места со целулит за да ја подготвите кожата да ги впие состојките од пилингот.
Во текот на туширање, на влажна кожа со кружни движења нанесете од пилингот. Колку подолго масирате, резултатите ќе бидат подобри. Кофеинот ја затегнува кожата, морската сол ќе ви направи интензивен пилинг, а кокосовото масло ќе ја омекне вашата кожа.