Оргеат е како течен марципан кој го додаваат во коктели, како што се Маи Таи, а во комбинација со кафе, млеко, па дури и обична вода, станува зависност и многу е тешко да се разделите. Готвачите исто така го додаваат во колачи со бисквити, овошни салати или пити, а пробајте го и во црн чај.
Како течен марципан: Домашен сируп кој ги претвора кафето, млекото или коктелот во сензација
Оргеат традиционално се прави од јачмен, а во последно време се користат и бадеми. Вкусот потсетува на безалкохолно, млечно амарето. Оргеат може да се купи, но можете да го подготвите и дома. Освен бадеми се користи и шеќер, вотка или некој друг алкохол, вода од цветови од портокал или розова вода. Водата од цветовите од портокал е вообичаен додаток во персиската, арапската, индиската и турска кујна кој и дава сладок карактеристичен вкус на храната. Во нашите краеви не е толку популарна, но луѓето сигурно се запознаени со ликерот од цветови од портокал. Овој ликер традиционално се прави во Дубровник во Хрватска.
Како течен марципан: Домашен сируп кој ги претвора кафето, млекото или коктелот во сензација
Бадемите за оргеат прво треба да се испечат, но ако немате многу време користете бадемово млеко. Во зависност од тоа дали обвивката на бадемот може да биде отстранета или не, сирупот ќе има светла или темна боја. Сирупот ќе биде потемен ако вотката ја замените со потемен пијалак, како што е коњакот. За да се истакне мирисот, дозволено е да додадете и неколку капки екстракт од бадем. Домашниот сируп може да се чува во фрижидер до еден месец.
Потребни состојки:
400 г бадеми
300 г шеќер
600 милилитри вода
1 лажичка вода од портокал
30 милилитри вотка
Начин на подготовка:
Печете ги бадемите во сад за печење на 200 степени за 4 минути. Протресете го садот после 2 минути печење.
Кога бадемите ќе се изладат ставете ги во блендер и блендирајте ги додека не се во прав.
Ставете ги водата и шеќерот во тенџере и мешајте на средна топлина додека не почне да врие за околу 3 минути.
Додадете ги блендираните бадеми и мешајте на тивок оган. Пред да зоврие, ставете го тенџерето настрана и покријте. Оставете најмалку 3 часа, но не повеќе од 12, а потоа процедете низ газа. Додадете ја вотката и водата од портокал, промешајте и чувајте во стаклено шише или тегла.