Домашен џем од сливи без шеќер: Рецептот на баба кој со генерации се чува

За оваа зима може да подготвите здрав и подеднакво вкусен џем…
Стариот рецепт за џем, кој се готви на шпорет ќе го воодушеви вашето семејство.
Состојки:
4 килограми сливи
По желба:
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка мелен каранфил
2 -3 лажички рум
Подготовка:
Домашниот џем од сливи без шеќер се приготвува со готвење на овошјето.
Со долго готвење водата од овошјето испарува, а истовремено се зголемува концентрацијата на природните шеќери од плодовите.
Џемот мора добро да биде зготвен, сè додека парчињата овошје не почнат да се распаѓаат. Не треба да биде течен, туку погуст.
За овој џем од сливи без шеќер и конзерванси потребни ви се 4 килограми сливи. Изберете благи и зрели плодови, измијте ги и извадете им ги семките. Гответе ги на умерена темепература. Внимателно мешајте и внимавајте да не загори.
Пред крајот на готвењето, по желба може да додадете лажичка цимет или малку рум.
Кога смесата ќе се олади, ставете ја во тегли кои претходно сте ги стерилизирале. Потоа теглите затворете ги херметички.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.