Брускетите се едно од омилените италијански предјадења. Идеални се за ужина или лесен оброк. Се подготвуваат брзо и се одличен избор доколку сакате да ги подготвите за вашите пријатели.
Имате време да ги подготвите кога ќе дојдат и ненајавени гости. Еве како да ги направите.
Состојки:
– Парчиња леб;
– Маслиново масло;
– Босилок;
– Домат;
– По избор лук и сол.
Подготовка:
Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло и распоредете ги во сад за печење на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Печете ги 6 минути на 180 степени. За тоа време исечете го доматот и помешајте го со босилокот и по избор лук. Кога ќе го извадите лебот во рерната, распоредете ја смесата на парченцата. Вратете ги во рерна да се печат уште 6 минути.