Дониа сникерс торта

Состојки
За основата
200 гр Дониа црна алва
100 мл млеко
30 гр путер
30 гр кикиритки печени несолени
50 гр мелени бисквити
За прв слој-ганаж
200 мл слата павлака
200 гр црно чоколадо
50 гр кикиритки печени несолени
За втор слој-чоколаден фил
3 жолчки
60 гр шеќер
2 лажици брашно
1 ванила
50 гр црно чоколадо
50 гр путер
70 мл слатка павлака
За трет слој- ганаж со кикиритки
100 гр чоколадо за готвење
50 гр млечно чоколадо
200 мл слатка павлака
70 гр кикиритки печени и несолени

Основа
Алвата на Дониа се дроби во еден сад и заедно со сите дрги состојки се топи на огин. Веднаш штом се соединат состојките се става на дното на калапот за чизкејк на Делимано (пречник 20 см). Се остава да се лади, а во меѓувреме се подготвува наредниот слој на оваа мини тортичка.
Прв слој
Слатката павлака и чоколадото се ставаат во сад на пареа да се растопат и соединат. Се истура ганажот врз основата од алва, се посипува со мелени кикиритки озгора и се остава да се лади.
Втор слој
Жолчките се матат со шеќерот и брашното и се ставаат да се сварат на пареа. На крај им се додава чоколадото да се растопи убаво. Се тргга од огин, се додава путерот и се убаво се соединува. Се остава да се лади филот. На ладниот фил се додава слатката павлака и се мати со миксер за убаво да се соединат. И овој слој се премачкува врз првиот на тортичката и се остава да се лади.
Трет слој
Слатката павлака и чоколадата се топат на пареа. Се истура и овој ганаж врз вториот слој на тортичката, се попрскува со мелени кикиритки и се остава неколку часа во фрижидер убаво да се стегне тортата пред служење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.