Искористете ја сезоната на костените за највкусните есенски десерти
Потребни состојки:
За тестото:
80 грама брашно
125 грама шеќер
115 грама путер
1 јајце
1/2 половина лажичка екстракт од ванила
3 лажици вода
За филот:
2 јајца
500 грама пире од костени
80 грама смелени ореви
200 грама темна чоколада
120 грама путер
Начин на подготовка:
Замесете ги состојките за тестото.
За филот, најпрво измешајте го шеќерот со жолчките, а белките изматете ги во цврст снег. Потоа, во жолчките додајте го пирето од костени и смелените ореви, па на крај вмешајте го и снегот од белките.
Развлечете го тестото во плиток калап за торти. Потоа ставете го кремот од костени. Печете околу 45 минути во однапред загреана рерна на 180 степени.
За крај, стопете ја чоколадата на пареа со путерот и добро измешајте. Со чоколадната глазура што ќе ја добиете, премачкајте ја целата торта.
Дознајте го и наједноставниот рецепт за фондан ако уживате во декорирање торти и колачи.