КРМОВ: ДПМНЕ повторно ќе прифати уставни измени, но овојпат без пребегување на пратеници

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени, се бира само тајмингот, тврди пратеникот на Левица – Борислав Крмов.

„Од наши извори коишто ги имаме, ВМРО ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе бидат пред или после избори. Затоа што пред избори повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ.

Нашите извори велат дека сега нема да има пребегување на осум пратеници, туку ќе гласа цел парламент (освен Левица), за да им дадат покритие“, изјави Крмов во гостувањето во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ „Стар“.

Тој потенцираше дека сите партии, освен Левица, како што тврди, суверенитетот не го бараат кај народот, туку кај странските амбасади.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ тоа го направи, ќе ѝ се случи „пасокизација“, оценува Крмов.

„ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласа после Преспанскиот договор. Ако уште едно предавство, како со Преспански, се случи со учество на ДПМНЕ, тие ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, слично како што е моментално СДС. ДПМНЕ има едно осипување после Преспански, ако се дрзнат на уште едно предавство, за измени сега на Уставот, и ДПМНЕ ќе влезе во процес на распаѓање.

Потоа ќе остане само Левица како политички субјект којашто ќе ги собере сите прогресивни сили и од лево и од десно, кои сакаат да пружат отпор“, рече Крмов.

Пронајдете не на следниве мрежи: