Со спектакуларниот настап на Копаоник пејачката Драгана Мирковиќ уште еднаш покажа зошто важи за една од најголемите музички ѕвезди во регионот. После концертот со кој ја воодушеви публиката, таа и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бјелиќ решиле да се препуштат на убавините на овој планински центар,а сопругот ја изненадил со еден гест кој што Драгана ја воодушевил.
Тони е романтичар, и тоа голем. Го закупил целиот ресторан кој што се наоѓа горе на Панчичев врв и организирал вечера само за нас двајцата. Уживавме во превкусна храна, навистина ме изненади. Секогаш тоа го правиме, еден за друг, не мора да бидат големи гестови, доволен е само мал знак на внимание или порака, рекла Драгана.
Пејачката потенцирала и дека за овие 20 години брак ниту еднаш се немаат скарано.
Од првиот ден се разбираме, слично размислуваме, па до недоразбирање никогаш не дошло. Од друга страна, многу зборуваме, мислам дека луѓето би биле шокирани кога би виделе какви пораки ние разменуваме. Секогаш се допишуваме како заљубени тинејџери, не врзува безрезервна поддршка и многу љубов, додала Драгана.