Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (22 јануари ) околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода И.Р.(44) од гостиварското село Градец.
Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото.
- Мицкоски добил покана да присуствува на инаугурацијата на ТрампПремиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател- прочитај повеќе
- Левица: Власта да ја поддржи интерпелацијата за Илире ДаутиВласта да ја поддржи интерпелацијата за Илире Даути, бараат од политикчата- прочитај повеќе
- INFOMAX.MKЗемјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран- прочитај повеќе
- Цените на угостителските услуги се зголемени за 6.1% за една годинаЦените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на- прочитај повеќе
- Денеска се празнуваат Светите Дваесет илјади никомидиски маченициВо времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија- прочитај повеќе
Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.
Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.