Бил Гејтс на климатскиот самит на ОН во Глазгов, “COP26” предупредил дека, покрај пандемијата, нова опасност за човештвото би можеле да бидат терористичките напади со биолошко оружје.
Тој затоа повикал да се инвестираат милијарди долари во таканаречени “Игри на микроби”, за човештвото адекватно да се подготви и повикал на формирање глобален пандемиски “ударен тим” во СЗО.
Гејтс тоа го кажал во текот на дискусијата со Џереми Хант, претседавач на Комитетот за здравство и социјална грижа во британскиот парламент и поранешен британски министер за здравство во текот на самитот “COP26”.
Ни се заканува биотероризам
“Потребни се околу милијарда долари годишно за пандемиски ударен тим во СЗО, кој би се занимавал со надзор и тоа што јас го нарекувам “Игра на микроби”, односно вежбање на одговори”, рекол Гејтс.
ALERT: Bill Gates has warned of bioterrorist attacks and urged international authorities, including the World Health Organization, to prepare by engaging in “germ games.”
More: https://t.co/Cmc3lEjYDW pic.twitter.com/ndFYTrMopV
— eatlovepray21 (@eatlovepray211) November 4, 2021
Тој навел и пример дека терористите би можеле да нападнат повеќе аеродроми во исто време со вирус на големи сипаници, па тоа би можело да биде едно од сценаријата за вежбање во “Игра на микроби” за да се подготвиме за евентуален напад.
Тој објаснил дека постојат природно предизвикани пандемии, но дека тие може да бидат и последица од биотероризам и како такви може да бидат полоши од природните. Додал, меѓутоа, дека науката напредувала и дека ни дава оружја за подобар одговор.
Милијардерот рекол дека земјите како што се САД и Велика Британија, би требало да вложат десетина милијарди долари во истражување и развој за да бидеме подготвени за следната пандемија. Навел дека се надева дека светот за пет години ќе биде подготвен за одговор на нова можна пандемија, но дека за тоа е потребно сеопфатно вложување во истражување и развој.
“Тоа би можело да доведе до бројни иновации, а за да бидеме подготвени за можна нова пандемија, треба да ги искорениме грипот и настинката, да ги направиме вакцините евтини, да имаме големи фабрики, да направиме вакцини кои би можеле да бидат во облик на мал фластер кој го ставате на рака”, рекол Гејтс.
Гејтс додал дека и натаму немаме вакцини кои го блокираат преносот на коронавирусот, туку само го намалуваат истиот, и дека се потребни нови начини за нивно создавање.