Во поголем дел од рестораните за брза храна пијалаците се служат со многу мраз, главно во изборот имате мал, среден и голем пијалак. Меѓутоа, тоа за што можеби многумина не размислувале е зошто е тоа така.
Одговорот на тоа прашање го дал корисник на социјалната мрежа ТикТок, Џејсон Мора.
Инаку, Џејсон е вработен во еден американски ланец на ресторани за брза храна, па одлично е запознат со сите трикови во угостителските објекти.
Тој тврди дека количината течност во средната и големата опција практично е иста, доколку нарачувате пијалак со мраз.
„Ја земате чашата со било кој пијалак и во неа ставате мраз. Потоа од една чаша во друга само течноста ја преливате, без мраз. Добивате само половина количина течност во однос на тоа што сте го добиле доколку нарачате пијалак без мраз. Накратко, нарачајте си пијалак без мраз, така течноста ќе ја наполни целата чаша. Доколку нарачувате пијалак со мраз, течноста ја полни само половина од чашата поради тоа што другиот дел го зазема мразот“.
Неговото откритие ги изненадило многу од корисниците на ТикТок, но имало и такви кои кажале дека за ова знаат одамна и никогаш не нарачуваат пијалак со мраз токму поради тоа што не сакаат да платат таква „измама“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.