Еве како да добиете интензивна боја за јајца без грам хемикалии: Метода која дава најдобри резултати

Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Исус Христос при мачењето и распнувањето на Велики петок.
Денес постојат многу техники за бојадисување јајца и шарање на велигденските јајца, а поголем дел од нив вклучуваат вештачки бои.
Сепак, доколку повеќе сакате природни варијанти, тогаш ние пронајдовме еден начин со кој ќе добиете убава црвена боја, а да не употребувате ниту грам хемикалии.


Сок од вишни
Доколку сакате вашите црвени јајца да имаат интензивна црвена боја, послужете се со сок од вишни.
Во тенџере ставете ги јајцата да се сварат, па прелијте ги со сок од вишни, со додаток на малку сол и оцет. Варете ги јајцата во сокот и оставете ги да се изладат.
Исто така може да користите и цвекло
Сокот од цвекло кој ќе ви остане во теглата откако ќе ги изедете сочните плодови, искористете го за бојадисување на јајцата. Постапката е иста како и доколку тоа го правите со сок од вишни.
Доколку сакате понежни нијанси на црвена боја, тогаш сокот од цвекло разредете го со малку вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.