Нутриционистите велат дека времето на оброк е исто толку важно како и неговиот состав и количина.
Според нив, најдобро време за појадок е во првите два часа по будењето, имајќи предвид дека не секој е гладен штом ќе се разбуди.
– Овој прв оброк, доколку го јадете во предвиденото време, ќе го стабилизира шеќерот во крвта во текот на денот. Дури после појадокот, ќе се разбуди и целиот наш организам – објаснуваат експертите.
Ако тренирате прво нешто наутро, обидете се да јадете нешто лесно еден час пред тренингот, а ако претпочитате да тренирате пред оброците, секогаш носете нешто со себе за јадење после тренинг, за да му обезбедите на телото доволно енергија.
Ако сте тип на личност која не може да јаде рано, испијте чаша вода кога ќе станете за да го хидрирате телото, а потоа изедете нешто лесно, грчки јогурт или банана. Важно е само да не го прескокнувате појадокот, бидејќи тој ја обезбедува енергијата што му е потребна на вашето тело за продуктивно да го започне денот.