Еве што помалку од седум часа сон му прават на вашето здравје и тело

Недостигот на сон е поврзан со бројни здравствени проблеми, вклучувајќи хипертензија, дебелеење, дијабетес и послаб имунолошки систем.
Ако не спиете доволно, тоа ќе се одрази на вашето моментално, но и долгорочно здравје, од менталната состојба па се до начинот на кој вашето тело ги троши или складира мастите.
Истражувањата покажале дека спиењето помага да се засили нашиот имунолошки систем и дека тоа е поврзано со намалениот ризик од кардиоваскуларни и метаболички болести, вклучувајќи дебелина и дијабетес тип 2. Имено, научниците од Државниот универзитет Пенсилванија дошле до заклучок дека поради недостиг на сон почесто чувствуваме глад.


Друго истражување, објавено во списанието “Lipid Research”, проучувало како петчасовно спиење во текот на четири дена во неделата влијае на луѓето. Според нив, недостигот на сон се одразил на смалена продуктивност, но и на зголемување на стресот на работа.
Понатаму, истражувањата покажале и дека луѓето се помалку време трошат на спиење. Според нивните тврдења, тој тренд од година во година е се полош. Конкретно, истражувањето спроведено на Универзитетот Ball State проучувало 150.000 возрасни Американци во периодот од 2010-та до 2018-та година. Откриле дека речиси 31 процент од испитаниците не спиеле доволно во 2010-та година, но и дека тој процент се зголемил на речиси 36 проценти во следните 8 години.
“Ова е значајно откритие бидејќи САД моментално сведочи висока стапка на хронични болести, а многу од тие болести се поврзани со проблеми со спиење”, рекол авторот на истражувањето, доктор Јагдиш Кубчандани.


Меѓу другото, се поврзува и слаб сексуален нагон, лошо расположение, како и лош квалитет на животот. Интересно е дека нивното истражување открило и дека на недостигот на сон најизложени се луѓето вработени во здравството, полицијата и војската, каде меѓу 45 и 50 проценти од вработените се хронично исцрпени.
Неадекватното спиење е поврзано со благи до тешки физички и ментални здравствени проблеми, повреди, загуба на продуктивноста и прерана смрт, но не е утврдена причината зошто луѓето спијат се помалку. Доктор Кубчандани смета дека за тоа, меѓу другото, е виновна се почестата употреба на технологијата која луѓето ги одржува будни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.