Еве што се случува со вашето тело ако секојдневно пиете јогурт: Доколку се појави овој симптом мора веднаш да престанете со оваа навика

Јогуртот е една од најпопуларните опции за појадок, но и ужина во секое време од денот. Јогуртот има добри бактерии, калциум, цинк, и Б витамини – но ако некогаш те се запрашале дали можете да пиете јогурт секој ден, една нутриционистка го дала одговорот.

Кој е најздравиот вид јогурт?
„Препорачувам органски грчки јогурт за оние кои можат да толерираат млечни производи“, предложила нутриционистката Лорен Кели. „Ми се допаѓа грчкиот јогурт затоа што е побогат со протеини, а протеините се одлични за чувство на ситост после оброк или ужина.“

Доколку се одлучите за јогурт со вкус, внимавајте на додадените шеќери.
„Јогуртите, особено видовите со пониско ниво на масленост, се еден од најдобрите извори на додаден шеќер, па затоа е важно да внимавате на додадените шеќери во верзиите на јогурт со вкусови и ароми“, изјавила Кели.
„Исто како и во овошјето, малку шеќер е природно присутен в млечните производи, тоа е лактозата, но сè што е над околу 6 грама на етикетата веројатно е додаден шеќер.“

Нејзиното правило е да има помалку од 10 грама шеќер вкупно.
Важно е да обрнете внимание на тоа како се чувствувате откако ќе испиете јогурт. „Дали се чувствувате енергично или уморно и тромо? Доколку е второто, треба да проверите дали е во прашање самиот јогурт или можеби додатоците имаат премногу шеќер, па после тоа сте уште поуморни“, додала таа. Кели вели дека храната треба да направи да се чувствуваме добро.
„Ако се чувствувате енергично и дигестивно „среќно“, еден или два часа по оброкот, тоа е добар знак; ако се чувствувате надуено, имате запек или, пак, секогаш „трчате“ кон тоалетот, веројатно нешто не е во ред со вас“.

Колку јогурт е премногу?
„Повеќето луѓе сè уште консумираат 3 пати повеќе од препорачаната количина додаден шеќер, секојдневно“, кажала таа, „што може да се поврзе со повисоки воспаленија, кои се поврзани со сите хронични болести, од срцеви заболувања до дијабетес“.
Заклучокот е дека јогуртот може да биде здрав додаток во исхраната и можете секојдневно да уживате во него, но секогаш треба да го одбирате оној со повеќе протеини, обичен и со помал процент на масти.
„Лесно можете да о засладите сами со свежо или замрзнато овошје и да додадете некои здрави масти како јаткасти плодови или семки (чиа, лен) за повкусна и нутритивна опција“, заклучила нутриционистката.

Три работи кои се случуваат кога консумирате јогурт
Може да помогне во контрола на тежината

„Во зависност од видот на јогуртот, може да ви помогне да се чувствувате сити подолго време и да ви помогне во губењето на телесната тежина“.
Може да го подобри здравјето и воспалението на цревата

Јогуртот може да помогне да се намали воспалението, да се подобри здравјето на цревата и да помогне во правилното варење бидејќи е добар извор на пробиотици (добри бактерии). Меѓутоа, доколку имате SIBO (прекумерен раст на бактерии во тенкото црево), јогуртот може да го влоши тој раст потхранувајќи ги бактериит

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.