Растењето со токсична мајка остава бројни негативни последици врз детето, како во раните години, така и во зрелоста.
Психолозите предупредуваат дека на децата не им е воопшто лесно да препознаат дека нивната мајка е токсична, но некои знаци сепак може да укажуваат на тоа.
Една работа, наводно, ниедна токсична мајка никогаш не ја прави.
Се работи за извинување. Како што објаснуваат психолозите, токсичните мајки никогаш не мислат дека тие се проблемот ниту се подготвени да преземат одговорност за сопствените грешки. Затоа, во огромното мнозинство на случаи, тие никогаш нема да се извинат кога ќе направат грешка, туку секогаш вината ќе ја префрлаат на некој друг, најчесто на своето дете.
„Кога ќе направи грешка, токсичната мајка попрво ќе ги обвини сите други отколку да се извини или да ја признае грешката што ја направила. Таа никогаш не презема одговорност за своите постапки, туку секогаш го бара виновникот во другите луѓе“, објаснуваат психолозите и споменуваат некои други знаци на мајка склона кон шеми на токсично однесување. Тоа се:
емоционална уцена и манипулација
постојана потреба за контрола
склоност кон викање или физичко казнување
споредување на детето со други деца, обично браќа и сестри или врсници
пасивно-агресивно однесување.