Една чаша пред оброк го решава проблемот: Едноставен ТРИК за да спречите ПРЕЈДУВАЊЕ

Чаша од овој напиток го намалува чувството на глад
Сите уживаме во вкусните оброци и понекогаш едноставно не можеме да му одолееме на совршениот вкус, па ставаме уште неколку лажици.
Според истражувањата, просечниот човек накачува околу половина килограм за време на празничната сезона, односно во јануари и февруари.
Тоа можеби не звучи многу, но за оние кои се грижат за нивната линија, ова е премногу.
Вистината е, сепак, дека ни тие не можат да одолеат на парче повеќе.
За да ја одржите совршената линија, да го контролирате апетитот и да го спречите прејадувањето, доволно е да испиете само една чаша вода пред оброкот.
Можеби звучи премногу едноставно за да биде вистина, но експертите тврдат дека во овој случај во просек се трошат 13 калории, како и дека чувството на глад е значително намалено.
За да го подобрите ефектот и да го забрзате метаболизмот, можете да исцедите лимон во вода. Ова особено им се препорачува на оние кои веќе малку претерале за време на претходните празници, па накачиле некој килограм вишок.
Сепак, не треба да очекуваме чудо и моментални резултати. За да го забрзате процесот на слабеење, се препорачува да вклучите некои спортови во секојдневните активности или барем трчање и пешачење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.