Секоја љубовна врска минува низ пет различни фази, а третата ќе ја преживеат само најсилните парови. Станува збор за фаза во кој доаѓа до рутина и разочарување, во која не сте возбудени околу тоа што секоја минута ќе ја минете заедно.
Секојдневните обврски, сметките, работата и домашните обврски ја туркаат романсата на страна и често се чувствувате како да сте заглавени во рутина и се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука. Ваквото сценарио може лесно да го избегнете. Барем така тврди австралискиот психолог Белинда Вилијамс.
Според неа, наједноставно ќе ги вратите искрите во бракот ако секојдневно обрнувате мало внимание на партнерот. Секој ден треба да му посветите внимание на партнерот и повторно да се поврзете давајќи му до знаење дека и понатаму го сакате и дека ви е привлечен.
„Тоа може да го направите преку соодветен образец на поздравување при доаѓање или заминување на работа, брза прегратка во ходникот, држење за раце додека заспивате, искажување љубов, изразување благодарност или мал подарок како омиленото чоколадо на вашиот партнер“, објаснува таа.
„Направете го тоа што може да го направите, искористете го максимумот од малите работи“, заклучува Вилијамс која смета дека ова се многу подобри опции отколку планирање на големи настани и гестови кои се случуваат во ретки моменти.