Нова студија покажала дека електронските цигари не се здрава алтернатива за класичните цигари, односно дека се штетни за здравјето на срцето, крвните садови и белите дробови
По многу години пушење класични цигари, одлучивте да пронајдете подобра алтернатива, барем така мислевте и избравте е-цигари (vaping). Мораме да ве разочараме и да ви кажеме дека пушењето е-цигари предизвикува затнување на крвните садови исто како и пушењето обични цигари, покажува новата студија. Што значи дека тие не се здрава алтернатива. Аеросолите имаат негативен ефект врз мембраната што ја обложува внатрешноста на срцето и крвните садови и помага во контролата на згрутчувањето на крвта, велат научниците. Намалената функција на мембраната, позната како ендотел, може да доведе до мозочен или срцев удар.
Како влијаат на срцето?
Производите за вапинг (електронските цигари) биле тестирани на стаорци, а нивните крвни садови се стесниле на 67 проценти, слично како и кај затнувањето од цигари. Професорот Метју Спрингер вели дека истражувањата откриле дека испарувањето е штетно: „Кога вдишувате суспензија од честички, без разлика дали станува збор за тутун или марихуана, без разлика дали станува збор за чад или аеросол, сето тоа има ист ефект. Познато е дека електронските цигари можат да ја нарушат васкуларната функција кај луѓето“. Исто така, истражувањата покажале дека испарувањата претставуваат ризик за здравјето на срцето, а авторите на студијата од 2019. година истакнуваат дека аеросолите во течностите за е-цигари содржат честички од оксиданти, алдехид и никотин, кои влијаат на кардиоваскуларното здравје.
Во извештајот од 2018. година на National Academics Press (NAP) се пронајдени значајни докази дека земањето чад од никотинска е-цигара предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето, но исто така докажале и дека чадот од е-цигара го зголемува крвниот притисок. И двете можат долгорочно да влијаат на здравјето на срцето. Наспроти тоа, една студија од 2019. година ги проценило податоците од националното истражување на речиси 450.000 учесници и не нашло значајна поврзаност помеѓу употребата на е-цигари и срцевите заболувања. Сепак, тие откриле дека луѓето кои пушеле и конвенционални цигари и е-цигари имале поголема веројатност да развијат срцеви заболувања.
Истражувањето за здравствените ефекти од вапингот е во тек и може да потрае некое време пред да ги сфатиме долгорочните ризици.
Како влијаат на белите дробови?
Некои студии сугерираат дека е-цигарите може да имаат негативни ефекти врз белите дробови, но потребни се дополнителни истражувања. Особено, една студија од 2015 година ги испитувала ефектите на ароматизираните е-течности на човечките клетки на белите дробови и клетките на белите дробови кај глувците. Научниците објавиле голем број негативни ефекти врз двата типа на клетки, вклучувајќи токсичност, оксидација и воспаление.
Сепак, овие резултати не мора нужно да се воопштуваат во реалниот живот. Во истиот извештај на НАП за 2018 година откриено е дека има некои докази дека изложеноста на е-цигари има штетни ефекти врз респираторниот систем, но дека се потребни дополнителни студии за да се разбере степенот до кој вапингот придонесува за респираторни заболувања.
За жал, ефектите врз здравјето на белите дробови нема да се видат уште 20 до 30 години. Исто толку било потребно за научниците да ги забележат негативните ефекти од класичните цигари. Целосната јачина на ефектите од отровните состојки на е-цигарите можеби нема да ги знаеме уште три децении.