Најдобриот млад фудбалер од последното СП во Катар, Енцо Фернандез ќе го засили Челси како последен зимски трансфер, највреден во историјата на англискиот фудбал, откако лондончани и Бенфика конечно се договорија за трансфер вреден 120 милиони евра.
Доаѓањето на Енцо на „Стемфорд бриџ“ е премиерлигашки рекорд, а цели 24 часа Челси и Бенфика преговараа за „сините“ да постават нов рекорд и да го надминат досегашниот на Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер сити од 118 милиони евра. Енцо претходно има договор за плата од 10 милиони евра и договор до 2030 година.
Сепак, клубовите се договорија точно на еден час до истекот на преодниот рок, што значи потребно е на време да се потпишат документите, а фудбалерот да ги заврши медицинските прегледи.