Состојки
3 помали сварени компири
1 сварен морков
2 варени јајца
1/3 страк праз
2 чили пиперчиња
1 рака сецкан магдонос
1 лист свежа марула, ситно сецкана
1лажиче сенф
200гр кисела павлака
1 кесенце мајонез
50гр бело сирење
50гр чадена сланина
Сол, бибер, куркума
Мојот денешен предлог. Салата настаната од моментална инспирација, од состојки по дома
Превкусна.
Подготовка:
1. Во сад ги соединуваме сечканите компири, морков, јајца, магдонос, праз, марула, чили. Промешуваме. Додаваме сенф, киселата павлака, мајонез, сол, бибер, куркума. Соединуваме убаво. Ако ви се чини сува салатата додадете и 2 лажици јогурт. Сервираме во длабок сад. На површината го рендаме белото сирење.
2. Сланината ја сецкаме на коцки и ја запржуваме да пушти арома и да биде крцкава. Ја нанесуваме врз сирењето. Сликаме на брзина и дегустираме