Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон ги повика во вторникот премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ односно Хашим Тачи, на нова средба во Брисел која ќе се одржи во среда, а Европската комисија за неколку дена го одложи извештајот за напредокот во евроинтеграциите на овие две земји.„Ги повикав премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи утре, во среда 17-ти април, да дојдат на состанокот во Брисел. Побарав од нив да дојдат во конструктивен дух и подготвени за истражување на различните опции и на одговор за взаемни компромиси“, се вели во соопштението на Кетрин Ештон објавено од нејзината канцеларија додека високата претставничка на ЕУ се наоѓа во посета на Македонија.Истовремено, според сé уште непотврдени информации, Европската комисија за неколку дена го одложила усвојување на извештајот за напредокот на Србија и Косово за да се даде уште малку време да се постигне договор за заедницата на српските општини на северот од поранешната српска покраина Косово и Метохија, каде што во 2008 година албанските власти со поддршка на САД и влијателните европски земји еднострано прогласија независност.Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Фуле во вторник во 16 часот во Стразбур треба да го претстави извештајот на Комисијата заедно со извештајот на Кетрин Ештон за резултатите од дијалогот меѓу Србија и Косово кој се води под покровителство на Европската унија. Така се очекува дека попладнево Комисијата ќе го објави извештајот само за Македонија.Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон на 22-ри април мора да го предаде извештајот за дијалогот меѓу Белград и Приштина на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ, чија оцена би можело да влијае врз одлуката за евентуално доделување датум за Србија за почнување на преговорите за придружување на ЕУ, а за Косово за отворање на преговорите за Договор за стабилизација и асоцијација.Белград и Приштина од октомври 2012 година водеа дијалог на премиерско ниво со посредство на Кетрин Ештон. Последниот осми круг од преговорите се одржа на 2-ри април, и заврши без договор за клучното прашање за овластувањата на заедницата на српските општини на Косово.Белград и Приштина досега во осум кругови не успеаја да постигнат договор за статусот на косовските Срби, а косовските власти се упорни заедницата на српските општини, за која се согласуваат да не добие извршни овластувања во судството, полицијата, катастарот, образованието итн, како што бараше Белград. Српската влада едногласно на 8-ми април на вонредната седница го отфрли понуденото решение за Косово и предложи итно продолжување на дијалогот со Приштина под покровителство на Европската унија.По осмиот круг разговори Ештон соопшти дека „разговорите се формално завршени” и дека биле ставени на маса неколку предлози. „Јазот меѓу двете земји е тесен но длабок. Тие сега ќе се вратат дома и ќе се консултираа со колегите во своите главни градови и ќе ме известат за својата одлука во следните неколку денови“.
Макфакс Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон ги пов