Вели дека имал главоболка и болка во градите. Жена во Австралија заболела од коронавирусот после патувањето во Велика Британија.
Бриџет Викинг (29), која што живее во Бризбејн, симптомите ги опишала како оние од вообичаениот грип. Иако истакнала дека никако не ја потценува сериозноста на коронавирусот, таа апелирала да се намали хистеријата, кажувајќи дека од симптоми имала само “болка во грлото и главоболка“, пренесуваат од порталот „News.com.au“.
„Не ни знаев дека имам вирус. Патував од Лондон преку Сингапур. Тоа што сакам да му го порачам на светот е: „Смирете се“. Можеби некој веќе го има, а има вообичаени симптоми како што се болка во градите и чувство на малаксаност. Мислев дека се чувствувам така затоа што патував цели 30 часа. И понатаму ги имам, но ништо повеќе од тоа“ – вели Викинг која поради коронавирусот морала да ја пропушти венчавката на својата пријателка.
„Не е толку страшно колку што известуваат медиумите. Има многу хистерија во врска со вестите за коронавирусот. Треба да има затоа што ова е сериозен вирус, особено за старите и хронично болните. Но, мора да бидеме смирени“ – вели таа.
Прочитајте на оваа тема и следново:
Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!
ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!
Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!
ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.