Жените родени во знакот Лав се великодушни, театрални, привлечни, одважни. Некогаш знаат да бидат и многу тврдоглави, но тие се упорни, љубезни и предадени. Родени лидери кои се полни со живот и позитивна енергија и кои ги освојуваат сите околу нив, каде и да се појават.
Жената Лавица се смее најгласно, но таа ја има и најубавата насмевка на светот. Нејзината самодоверба е нешто што не можете да игнорирате.
Таа е водена од Сонцето, кое е средиште на универзумот и во согласност со тоа, Лавицата сака да биде секогаш во центарот на вниманието. Ако е лута, ги вади и покажува своите канџи пред сите и се бори со сета сила. Важно и е да победува, а благодарение на нејзината интелигенција и креативност, животот и е исполнет со многу победи.
Љубов и врски
Оваа жена е независна и со изразена индивидуалност. Нејзе и одговара само маж кој може да се носи со тоа. Не и е потребен некој за да се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да се покаже себеси во целата сила која ја поседува. Во врските сака забава и динамика, не поднесува рутина, а често знае да биде и драматична. Сексот и е многу важен и за неа тоа е одличен начин за да и биде покажано колку е посакувана. Во љубовта најмногу се сложува со Близнаци, Стрелци и Ваги.
Пријателства
Благодарение на својата топлина и магична енергија, таа има многу пријатели во животот. Секогаш како магнет ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријатели се и нејзини најголеми обожаватели. Никогаш нема да ги изневери и секогаш ќе биде покрај нив.
Изглед и стил
Често има густа коса, која знае да биде нескротлива со изразени црти на лицето, големи топли очи. Често е висока со долги нозе и се облекува елегантно и често луксузно. Сака својот изглед да го накити со убави украси и други модни додатоци, најчесто со златна или портокалова боја. И облеката и модните додатоци ги избира со најдобар квалитет. Таа сака да носи работи кои другите ги немаат.
Стилска икона
Жената родена во овој знак е често модна икона. Таа е бомбастична жена, а колку е постара, толку и подобро изгледа. Каде и да се појави, таа го краде вниманието и се памети долго.