Администрацијата на областа во северен Лондон, Харингеј се обрати до англискиот Совет за култура (Arts Council) да им помогне да се врати на старото место делото на уличниот уметник познат под псевдонимот Банкси, кое беше насликано на еден ѕид во маалото а сега е понудено на аукција во САД, пишува весникот Evening Standard.Графитот „Робска работа“ (Slave Labour), кој прикажува момче наведнато врз машина за за декорирање на британски знамиња, се појави на ѕидот на една куќа во квартот во мај 2012 година. Но, минатата седмица цртежот исчезна од ѕидот.Неколку дена подоцна графитот се појави на интернет страницата на аукциска куќа Fine Art Auctions Miami од Мајами и треба да биде понуден на наддавање во сабота. Почетната цена е 700 илјади долари.Исчезнувањето награфитот на Банкси, чиј идентитет не е познат и покрај неговата светска слава, предизвика бес меѓу локалните жители. Сега за враќање на графитот се залага и локалниот совет на квартот Харингеј. Тој се обрати до англискиот Совет за култура соопштувајќи дека локалните жители се многу среќни поради повторната појава на цртежот на Банкси но и многу „шокирани“ дека тој е изложен на приватна аукција.„Квартот го чувствуваше графитот како подарок од Банкси, па затоа тој треба да остане на неговото место, а не да се користи за остварување профит’, се вели во дописот.Инаку ова не е првпат графит на анонимниот но прославен урбан уметник под псевдоним Банкси да биде понудено на аукција. Така во септември минатата 2012 година графитот на Банкси „Вини Пу“ од 2003 година беше понуден на аукција на урбана уметност во организација на аукциската куќа Bonhams којашто се одржи во Лос Анџелес, кој беше проценет на цена меѓу 50 и 80 илјади долари. Цртежот го прикажува познатиот лик на илистраторот Е.Х Шепард со нога фатена во стапица за мечки, призор кој инаку не припаѓа на вистинските епизоди за авантурите на малото меченце, иако во една од тие Вини Пу и Прасенцињата поставуваат стапица за Слончето.Делото потекнува од Бристол, родниот град Банкси, а беше понудено на наддавањето заедно со сликите „Lenin on Rollerblades“ (Ленин на ролшуи) „Who Put the Revolution on Ice?” (Кој ја стави револуијата на мраз?), исто така од 2003 година, како и „Precision Bombing” (Прецизно бомбардирање), едно од најпознатите и најпрепознатливи дела на Банкси, чија вредност се проценуваше тогаш меѓу 35 и 45 илјади долари. Меѓутоа, по големиот интерес што го покажаа лани калифорниските колекционери, цените на графитие на Банкси речиси десеткратно се зголемија.
МакфаксАдминистрацијата на областа во северен Лондон, Харингеј се обрати до англискиот Совет за култура (Arts Council)