За да бидете среќни цел ден, еве колку часа и минути е потребно да спиете

Добриот сон прави вистински чуда – ни помага да се одмориме, да го организираме умот, да ги подобриме фокусот и концентрацијата, но и ни дава подобро расположение и енергија. Освен тоа, тој има и големо влијание на освежувањето и смирувањето на кожата.
Но, колку навистина сон ни е потребно во текот на ноќта?
Според новото истражување, не ни се потребни 8 часа сон, туку точно 7 часа и 6 минути. Во ова истражување учествувале околу 2000 испитаници, а целта на истражувачите била да се утврди колку време ни е потребно за да имаме добри ефекти од спиењето.


Според резултатите, луѓето кои спиеле 7 часа и 6 минути биле најсреќни меѓу сите. Дополнително, истражувањето покажува дека луѓето кои спиеле помалку од 6 часа и 48 минути, истакнале дека се нерасположени и многу нервозни.
Сепак, треба да знаеме дека квалитетот на сон е еднакво важен како и должината на спиење. Истражувањето покажало дека е многу важно и која храна се конзумира пред спиење, а дополнителен бенефит е медитацијата или туширањето непосредно пред спиењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.