Во Тетово сè уште има многу имиња на улици и училишта кои воопшто не се совпаѓаат со етничката реалност, каде што иако најголем дел од жителите се Албанци, тие сѐ уште носат имиња кои биле поставени за време на комунистичкиот систем.
Од Здружението на академици Албанци, кои заедно со општина Тетово пред локалните избори го промовираа проектот за промена на имињата, велат дека проектот го доставиле до општината во септември 2022 година, но сѐ уште не е преземена иницијатива.
– Во Тетово имаме поширок проект за именување на сите улици на Тетово… за жал овде чекаме студија која треба да ја направи Македонскиот катастар, која сѐ уште ја немаме. И натаму, во Тетово има многу улици, кои не се регистрирани и за да се именуваат, тоа е обврска на Општината. Тие мора да бидат запишани и оваа регистрација ја врши Катастарот“, вели Касами.
Касами вели дека доколку катастарот не направи такво нешто, се останува за следната година.
Ова е уште еден во низата шовинистички испади на тетовскиот градоначалник кој претходно за дочекот на косовскиот премиер Курти приреди нескромна забава во Тетово, а во спотот објавен на неговиот Фејсбук профил вели “Добредојдовте во Албанија”. На истата прослава се вееше и знаме на “голема Албанија”, што Касами, а што е “почудно” и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаа никаква реакција!