Потребни состојки:
1 банана
Половина шолја бадемово млеко
150 г јогурт
Половина шолја овесни снегулки
Половина лажичка цимет
2 лажици путер од кикирики
(шолја од 250 мл)
Начин на подготовка:
Најпрвин во блендерот ставете бадемово млеко, јогурт, путер од кикирики, цимет и овесни снегулки. Одозгора ставете парчиња банана. Промешајте и мешајте додека да добиете густа смеса. Сипете во чашите и по желба украсете со кикирики.