За смртта на снимателката на филмот „Rust“ виновна е реквизитерката


Реквизитерката задолжена за оружјето на филмскиот сет, која го наполнила пиштолот кој го користел актерот Алек Болдвин пред тој да ја застрела и убие снимателка на снимањето на вестернот „Rust“ во 2021 година, е прогласена за виновна за убиство од небрежност.

Снимателката Халина Хачинс почина кога репликата на револверот „Colt.45“, со кој Волдвин вежбал двобој во црква надвор од Санта Фе, испукал боев куршум кој притоа тешко го рани и режисерот Џоел Соуза.

На реквизитерјата на сетот на „Rust“, Хана Гутиерез-Рид, ѝ се судеше за наводно носење на вистински „Colt.45“, и она што обвинителите го нарекоа „расеана и непрофесионална“ работа. Полицијата ја забележала нејзаната наводна изјава дека го наполнила пиштолот на Болдвин со вистински куршум, помешувајќи го со лажен.

Дваесет ишестгодишната Хана Гутиерез-Рид, која на сетот била задолжена за оружјето, се соочуваше со обвинение за ненамерно убиство и ѝ се судеше за наводно носење на вистински „Colt.45“ на снимањето на вестернот.

Гутиерез-Рид е прогласена за невина по втората точка од обвинението – манипулација со докази. По оваа пресуда таа можеше да добие и до три години затвор.

Актерот Алек Болдвин, исто така, се соочува со судење за убиство од небрежност во смртта на снимателката 43-годишната Халин Хачинс. Таа беше убиена откако пиштол што Болдвин го користел за вежбање двобој испукал боев куршум на сетот на филмот на ранч близу Санта Фе во Ново Мексико.

Обвинителите тврдеа пред поротниците дека Гутиерез-Рид, која го надгледувала оружјето на снимањето на филмот, постапила невнимателно кога го наполнила пиштолот и не успеал да се погрижи пиштолот да биде наполнет само со кукла куршуми.

„Овој случај е поврзан со постојани, непрестајни безбедносни пропусти ои резултираа со смрт на човечко суштество“, рече обвинителката Кари Ти Морисеј во завршните зборови во средата.

Гутиерез-Рид била „расеана“, „невнимателна“ и „непромсилена“ кога не забележала дека боевите куршуми се измешани со лажните куршуми во кутија со муниција на снимањето, рече Морисеј пред поротниците.

Еден од тие куршуми бил во огненото оружје што го користел Болдвин, соопштија обвинителите.

Гутиерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат Џејсон Боулс во завршните зборови тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е единственото лице одговорно за фаталното пукање. Боулс тврдеше дека Гутиерез-Рид не знаела дека во пукањето имало вистински куршуми.

Тој, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да се гони за кривичното дело, бидејќи го држел пиштолот кога пукнал. Актеротистовремено беше и продуцент на филмот.

„Таа (Гутиерез-Рид) е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне“, рече нејзиниот адвокат во воведното излагање на судењето.

На рочиштето на самиот крај од февруари, членот на снимателската екипа на „Rust“, Рос Адиего, им кажа на поротниците дека Гутиерез и првиот помошник на режисерот Дејв Холс не извршиле безбедносни проверки на огненото оружје. Холс склучи договор за признавање вина минатата година и беше осуден за несовесна употреба на смртоносно оружје.

„Се движевме со налудничави брзини“, рече Адиего, додавајќи дека Гутиерез „не беше толку професионална“ како другите реквизитери со кои работел.

Судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност е закажано за 10-ти јули. Обвиненијата против Болдвин еднаш веќе беа отфрлени. Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на Хачинс.

Пронајдете не на следниве мрежи: