Палачинките им се омилен десерт на повеќето луѓе, а често ги јадеме и во солена варијанта.
Нивната припрема не е некоја посебна филозофија, но оние совршено испечените, воздушести палачинки кои се топат во устата умеат да ги приготват само вистинските мајстори.
Сепак, постојат низа трикови кои ќе ви помогнат во целта да ги сервирате најдобрите палачинки, а еден од тие овие денови сè почесто го гледаме на социјалните мрежи.
Станува збор за “тајна” состојка која ги претвора палачинките во кулинарско ремек дело, а станува збор за маст од сланина, иако тоа звучи чудно.
А како воопшто се прави и складира оваа маст? Едноставно е – испржете сланина на масло во една тава, а потоа извадете ја сланината и оставете ја преостанатата содржина во тавата да се излади. Потоа прецедете ја маста низ цедилка и складирајте ја во чиста тегличка. Почекајте целосно да се излади, а потоа затворете ја теглата и вака припремената маст чувајте ја во фрижидер.
А кога ќе дојде ред за палачинки, наместо масло за јадење или путер, премачкајте ја тавата со оваа маст. Палачинките ќе бидат меки и сочни одвнатре, а крцкави по рабовите – токму онакви какви што сакаме да бидат.