Популарното есенско овошје е преполно со хранливи материи кои можат да помогнат во спречување на високиот крвен притисок, една од најголемите причини за еректилна дисфункција. Експертите објаснуваат дека тиквите се богати со калиум, кој помага да се неутрализира штетното дејство на натриумот врз крвниот притисок. Познато е дека половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години страдаат од еректилна дисфункција, што го отежнува постигнувањето и одржувањето на ерекцијата.
- Google Photos добива едноставна алатка за уредување фотографии
- Дали Џенифер Лопез најде ново момче? Пејачката не се одвојува од згодниот телохранител, а еве како изгледа (ФОТО)
- Најбизарниот експеримент со луѓе што некогаш постоел: 101 ден биле на сплав за блуд, еве како живееле и што се случило (фото)
- WhatsApp ја прекинува поддршката за постарите уреди со Android на 1 јануари
- Еве како изгледа животот во најстудениот град на светот! Погледнете го видеото кое освои над 21 милион луѓе: Александар наутро топи мраз за децата да имаат вода… (ВИДЕО)
- Три хороскопски знаци кои често остануваат во добри односи со поранешните
- Обилните снежни врнежи оставија без струја околу 200.000 домови во БиХ
- Koj e Македонецoт што преку „Телеграм“ аплицирал да се бори за руската војска во Украина?
- Дали е ова најубавиот фустан што го носеше Александра Пријовиќ за време на турнејата? (фото)
И понекогаш еректилната дисфункција може да биде предизвикана од стрес, замор и премногу алкохол.
Но, еректилната дисфункција може да биде и знак за некои посериозни проблеми доколку е присутна редовно, а меѓу нив секако е и зголемениот крвен притисок. Имено, мажите со хипертензија имаат двојно поголем ризик од еректилна дисфункција бидејќи тоа го намалува протокот на крв во нивните гениталии.
Калиумот помага во намалување на крвниот притисок бидејќи го намалува штетното дејство на натриумот од солта во крвта. Натриумот го зголемува крвниот притисок, но колку повеќе калиум јадете, толку повеќе натриум ќе излачувате во урината. Од друга страна, прекумерното внесување на калиум може да биде опасно за луѓето со бубрежни заболувања.
– Премногу калиум може да биде штетно за бубрежно болните бидејќи се намалува способноста на бубрезите да го отстранат калиумот од крвта и може да дојде до прекумерно таложење на калиум – објаснуваат експертите.
Се препорачува да не се консумира повеќе од 3.500 mg калиум дневно, а стандардна порција тиква исечена на коцки содржи околу 394 mg калиум. Освен тоа, тиквата помага да се зајакне природниот одбранбен систем на организмот бидејќи содржи бета каротен, кој во организмот се претвора во витамин А и витамин Ц. Овие хранливи материи го стимулираат производството на бели крвни зрнца и на тој начин нè штитат од болести и инфекции за време на зимски месеци.
Истражувањето објавено во Journal of Food Biochemistry исто така покажа дека консумирањето семки од тиква го зголемува нивото на хемикалии во телото кои се поврзани со формирање на ерекција.
Научниците тестирале стаорци за да откријат како потрошувачката на сурови и печени семиња влијае на нивото на азотен оксид во нивното тело. Оваа хемикалија помага во проширување на крвните садови и на тој начин овозможува поголема количина на крв да влезе во пенисот. Ова е всушност клучен елемент на принципот според кој функционира вијаграта: имено, лекот помага да се стимулираат ензимите кои го зголемуваат производството на азотен оксид.
Истражувањето покажало дека стаорците кои биле хранети со семки од тиква имале повисоки нивоа на азотен оксид од оние кои не ги консумирале, а најголем ефект бил забележан кај стаорците кои биле хранети со печени семки од тиква.
Д-р. Сеун Акомолафе од Универзитетот Екити во Нигерија вели дека оваа студија покажала дека печењето може да ја подобри антиоксидантната активност на семките од тиква и клучните ензими за еректилната функција. Тој заклучува дека затоа, барем за мажите, покорисно е да се консумираат печени семки од тиква отколку свежи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.