Ако ви се допаѓа мирисот и вкусот на вистински домашен леб, ова е вистинскиот рецепт за вас и верувајте ни, ќе биде готов за 5 минути.
СОСТОЈКИ ЗА ДОМАШЕН ЛЕБ
350 мл млака вода
1 ќесичка сув квасец (5g) или 15g свеж
1,5 лажица шеќер
1,5 лажичка сол
30 ml масло
550 гр меко брашно тип 400
1 жолчка од јајце +1 лажица масло
Како да направите домашен леб
Лебот обично се меси од бело или полу-бело брашно.
Измешајте го квасецот и шеќерот во сад со топла вода и оставете ги настрана. Во друг сад, во кој планиравте да го месите лебот, додавате брашно и сол и добро ги мешате.
Потоа ги додавате маслото и квасецот што ги подготвивте претходно. Месете со лажица и оставете го тестото да нарасне. Покријте со фолија, за да се крене побрзо.