Замрзната пита со текила: Рецепт за освежителна торта

Потребни состојки:
400 мл кондензирано млеко
200 мл шлаг-крем
200 грама чајни бисквити
6 лажици путер
4 лимети
3 лажици текила
3 лажици шеќер
малку сол
Начин на подготовка:
1. Во блендер издробете ги чајните бисквити додека да се иситнат во прав. Измешајте ги со растопениот путер, со шеќерот и со малку сол.
2. Притиснете ја добиената смеса во кружен калап и ставете ја стои во замрзнувач 20 минути.
3. Во блендер изматете го шлаг-кремот.
4. Исцедете го сокот од лимета и изрендајте кора од една лимета.
5. Измешајте го сокот од лимета со кондензираното млеко, со текилата и со малку сол и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
6. Постепено додајте го и шлаг-кремот.
7. Турете ја смесата врз замрзнатата основа. Декорирајте со рендана кора од лимета или парчиња лимета и ставете ја питата да стои во замрзнувач најмалку осум часа.
8. Извадете ја питата од замрзнувачот половина час пред да ја послужите за полесно да ја исечете на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.