700 г компири
1 тиквичка
1 главица кромид
1 лажица сув зачин
1/2 лажица црвен пипер
1/2 лажичка мајчина душичка
масло
сол и мелен црн пипер
Излупените компири и тиквичката исечкајте ги на тенки кругови, зачинете и промешајте. Во намрсена тава наредете половина од компирите и тиквичката, нанесете го исечканиот кромид и прекријте со преостанатите компири и тиквичка. Печете 50 минути на 200 степени.