Палачинки со мелено месо во бешамел сос, запечени во рерна – идеален рецепт за денешниот ручек.
Потребни состојки:
Тесто
200 г брашно
350 мл млеко
3 јајца
Сол
Фил
Половина килограм мелено месо
1 кромид
2 чешниња лук
40 мл масло
200 г пасирани домати
1 црвена пиперка
Магдонос, сол, кари
Бешамел сос
25 г путер
25 г брашно
250 мл млеко
Сол
Бибер
100 г моцарела
Начин на подготовка:
Направете палачинки од наведените состојки. Оставете ги на страна додека да го подготвите останатото.
Во поголема тава загрејте масло и пропржете кромид и лук, додајте месо коешто ќе го зачините и запржите.
Додајте го пирето од домати, пиперка, зачинете по вкус и оставете 10 минути да се запржи на умерена температура со постојано мешање.
За бешамел сос:
Растопете го путерот, додајте брашно и промешајте додека да добие убава боја, достепено додавајте млеко и мешајте за да не се појават грутки. По пет минути тргнете го од тава и зачинете со сол и бибер.
Подгответе го садот за печење. Врз палачинките ставете две до три лажици од филот од месо, замотајте и ставете ги во сад.
Распоредете ги сосот и моцарелата исечена на парчиња врз палачинките и ставете да се запечат во рерна на 200 степени околу 20 минути.