Потребно е:
200 гр макарони
30 гр брашно
1 главица кромид, ситно секан
1/2 лажиче сенф
сол, бибер
600 мл млеко
400 гр варена брокула, ситно сецкана
250 гр шунка
100 гр рендан кашкавал (гауда, ајдамер или сл.)
2 лажици путер
50 гр лебни трошки
Потребно е:– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ја и префрлете ја во намастена огноотпорна тава.
– Во еден сад измешајте ги брашното, кромидот, сенфот и сол и бибер. Садот ставете го на рингла и полека додавајте млеко со постојано мешање. Варете го на средна температура 10-15 минути, односно додека не се згусне. Вака подготвениот сос прелијте го преку тестенините.
– Во тестенините додадете ги и сецканата брокула, сецканата шунка и изренданиот кашкавал.– Во помало тенџерче на рингла растопете го путерот и тргнете го на страна. Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте и прелијте преку тестенините.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 40 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.