Потребни состојки(за 6 лица):
1 лажица маслиново масло
1 кромид
2 чешниња лук
120 г колбаси
800 г домати од конзерва
1 лажица шеќер во прав
600 г њоки
125 г моцарела
Малку босилек
Марула
Начин на подготовка:
Загрејте масло во тава и пропржете го кромидот и лукот 8-10 минути додека да омекнат. Додајте колбаси и пржете уште 5 минути.
Додајте ги доматите со шеќерот, па промешајте. Оставете да зоврие, додајте ги њоките и варете 8 минути со често мешање, додека да омекнат. Вклучете ја рерната на 250 степени.
Измешајте три четвртини од моцарелата и босилек. Поделете ја смесата во 6 огноотпорни чинии или ставете ја смесата во голема тава. Одозгора додајте ја преостанатата моцарела и колбасите и печете околу 3 минути додека да се растопи и добие златеста боја.
Сервирајте со босилек и марула.