Еве кои се тајните на долговечноста на најстариот доктор (100 г.) на светот!
Доктор Хауард Такер со полни 100 години е најстариот доктор во светот. Почнал да се занимава со медицина во далечната 1947 година, а денес им ги открива тајните на долговечноста на помладите од него. Интересно е што и по 75 години од почетокот на кариерата тој активно се занимава со својата професија. Имено, поранешен воен ветеран, по професија невролог, открива дека стекот и мартини (алкохол) се заслужни за неговиот долг живот.
Кога се родил, во 1922 година, просечната возраст на живот на мажот била 58 години. Но, тој одамна ја преминал таа граница, ја доживеал и преживеал забраната во САД, Големата депресија, Втората светска војна и глобалната пандемија на вирусот Ковид-19.
Според истражувањето на Универзитетот во Бостон, денес само еден од 5.000 луѓе достигнува сто години. Заедно со добрите гени и „малку среќа“, д-р Такер има и неколку трикови што ги користел во изминатиот век, а кои, како што вели, му помогнале да достигне троцифрена бројка. На прво место, неврологот кажува дека е клучно тој сепак да остане во форма.
„Пливањето, џогирањето, планинарењето и скијањето до доцните 80-ти години ме одржуваа силен и здрав. Се обидувам да одам најмалку пет километри на мојата лента за трчање со брзо темпо повеќето денови во неделата“, открива тој за CNBC. Но, и покрај неговата посветеност на вежбање, д-р Такер кажува дека е важно да се „живее животот во потполност“ и да не се ограничувате.
„Повремено консумирам мартини но не секој ден. Вистинската тајна за долговечноста е дека нема тајни“, советува докторот и додаде дека од големо значење е да го одржуваме умот активен за да избегнеме „когнитивен пад“.
„Работам повеќе од 75 години, па дури сум прогласен за најстар доктор на светот во Гинисовата книга на рекорди. Многу луѓе кои се пензионираат и стануваат неактивни во нивната секојдневна рутина се изложени на зголемен ризик од когнитивно опаѓање“, вели д-р Такер. Кога не работи, тој сака да поминува време со семејството.
„Кога не работам, сакам да поминувам време со моите четири деца и 10 внуци“, кажал тој на крајот од интервјуто.
Пронајдете не на следниве мрежи: