Започнете го денот со витаминска бомба: Напиток со киви и спанаќ е совршен избор за вашиот организам

Еден интересен факт за спанаќот и кивито е дека тие се одличен избор за борба против никотинот.
Имено, предизвикува брзо зголемување на крвниот притисок и сериозно ги оштетува белите дробови. Покрај тоа, дури и ако престанете да пушите, ефектот на никотинот ќе трае со години.
Сепак, здравата исхрана и промените во животниот стил можат да ви помогнат да го елиминирате никотинот од вашето тело. Овие две намирници ќе ви значат многу во таа борба.
Спанаќот е еден од најздравите зеленчуци бидејќи не само што е богат со витамини, туку содржи и големи количини на фолна киселина, а кивито е богат извор на витамините А, Ц и Е и затоа многу помага во борбата против никотинот.
Состојки:
една чаша вода (200 ml)
една шака млад спанаќ
банана
3 киви
половина круша
Подготовка:
За да го подготвите овој пијалок не ви треба многу умешност.
Прво измијте ги крушата и спанаќот, а потоа излупете ги бананите и кивито, а потоа убаво исечкајте ги и ставете ги во блендер.
Кога ќе ги ставите сите состојки во блендер, прелијте ги со вода.
Мешајте додека целосно не се соединат сите состојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.