На 07.09.2023 во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него, информира МВР.
На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.