Зајакнете го вашиот организам и подобрете го имунитетот со оваа моќна комбинација на овошје и здрави семки…
Состојки:
– 50 гр бадеми
– 6 дл вода
– 2 лажици мелено ленено семе
– 1 лажица мелен сусам
– 2-3 лажици аронија
– 5 лажици смрзнато овошје (шумски микс)
– 1 лажица мед со матичен млеч
– сок од еден грејпфрут
– половина лажица коријандер
– 6-7 коцки лед (по желба)
– 3-4 листови нане
Подготовка:
Бадемите претходната вечер потопете ги во вода, а наредното утро ставете го во блендер, додадете 6 дл вода, блендирајте околу една минута и процедете. Додадете ги сите останати состојќи и мешајте се додека смесата не се изедначи. Напитокот ставете го во стаклен сад и консумирајте го веднаш по подготовката.