Крцкавоста е загарантирана ако го згмечите компирот со виљушка, чаша или некое друго кујнско помагало, односно ако му ја израмните површината пред да го ставите во рерна
Згмечените печени компири се хит во многу кујни веќе некое време. Станува збор за двојно термички обработен компир, кој прво се вари, а потоа се пече во рерна.
Крцкавоста е гарантирана ако компирот, пред да го ставите во рерна, го згмечите со виљушка, чаша или какво било кујнско помагало, односно ако му ја израмните површината. Не заборавајте сето тоа да го намрсите и да додадете зачини.
Состојки:
1 кг мали црвени компири
1/2 лажиче лук во прав
1/2 лажиче кромид во прав
сол и бибер по желба
растително масло за премачкување
свеж магдонос за послужување
Приготвување:
– Добро измијте ги компирите од сите нечистотии. Најдобри резултати ќе добиете ако користите мали компири во кора, но можете да се послужите и со поголеми компири, кои сте ги исекле на приближно еднакви коцки.
– Ставете ги исчистените компири во лонец со вода и варете ги 20-25 минути, односно додека со виљушка можете лесно да ја пробиете површината на компирот.
Исцедете ги варените компири од водата и оставете ги да се оладат околу 5 минути.
– Загрејте ја рерната на 220 степени.
– Префрлете ги варените компири на плех за печење, кои сте ги премачкале со масло. Со виљушка или со некое друго кујнско помагало згмечете ги компирите за да ги израмните на дебелина од околу еден сантиметар. Имајте на ум дека колку е потенок компирот толку покрцкав ќе биде подоцна.
– Намрсете ги компирите со уште малку масло, зачинете ги со сол, бибер, лук и кромид во прав.
– Ставете ги да се печат во рерна 25-30 минути додека станат крцкави.
– Послужете ги компирите топли со зачинско билје по желба.
Добар апетит!