Сокот од вишни може да биде најдоброто освежување, особено за време на топлите летни денови. Денес ви споделуваме рецепт кој е здрав и без конзерванси, лесно можете да го подготвите, а можете да го искористите и како додаток во нови коктели.
Потребни состојки:
3 килограми вишни
1,5 литри вода
40 грама сок од лимон
шеќер (колку литри течност толку килограми шеќер)
Начин на подготовка:
Посипете ги измиените вишни со сок од лимон и додадете вода. Добро изгмечете ги со раце и исчистете ги од коските.
Оставете ги црешите во таа вода 24 часа, па процедете го сокот. Ако немате цедалка, можете да користите и газа.
Измерете ја количината на добиениот сок, па додадете ја истата количина шеќер. Со дрвена лажица измешајте го шеќерот додека целосно не се растопи. Доколку е поголема количина, се меша неколку пати во текот на денот. Откако шеќерот ќе се растопи, префрлете ја течноста во стаклени шишиња.
Дури и ако имате поголеми количини вишни, можете да ги замрзнете и потоа да направите нов, свеж сок во текот на целата година.