Пробајте го овој стар рецепт за посна чорба која е совршена за студените зимски денови.
Здрава и посна чорба со спанаќ
Потребни состојки:
200 грама спанаќ
4-5 компири
1 зелена пиперка
2 моркови
1 поголем домат
малку зелка
магдонос
1 помал праз
1 лажица брашно
пипер
зачини, сол и масло
Начин на подготовка:
На загреано масло запржете ги празот, пиперката и морковот, па додајте го останатиот исечкан зеленчук. Додајте пипер и вода.
Гответе на тивок оган за да се свари зеленчукот.
Додајте сол, зачини по желба и лажица брашно измешано со малку вода.
На крај додајте го исечканиот магдонос и доколку сакате, 2 чешниња исечкан лук.
Добар апетит!