Омилениот зеленчук и ориз ви се доволни за оброк за паметење.
Рижотото се подготвува многу брзо, а вака подготвено ќе биде превкусно и ќе посакате повторно да им го послужите на пријателите или вашето семејство.
Подготовка:
Оризот задолжително измијте го со ладна вода. Во тава со капак ставете една лажица масло за јадење и кратко пропржете го оризот.
Во друг сад на оган, ставете 2 шолји вода, додадете малку мешан сув зачин, а кога ќе проврие прелијте го оризот со течноста, па помешајте, а потоа намалете ја температурата на минимум и поклопете ја тавата со капак.
Гответе 10-12 минути без отворање на капакот.
Додека оризот се вари, во друго тенџере ставете малку масло за јадење, па пропржете замрзнат или свеж зеленчук по вкус, на пример мешавина од морков, пченка, грашок, црвена пиперка, па пржете 8-10 минути.
Откако ќе го направите тоа, во садот додадете го и оризот.
Промешајте убаво за да се соединат оризот и зеленчукот и додадете зачини по желба.
Пријатно јадење!