Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека би сакал да види конкретни дипломатски чекори за постигнување мирно решение на војната во Украина, но дека тоа не треба да биде на сметка на 30 отсто од украинските територии, пренесува Танјуг.
Зеленски за индиските медиуми изјави дека крајот на војната во Украина е можен само доколку се врати територијалниот интегритет на Украина.
Според него, мировниот договор не смее да биде постигнат на сметка на украинското население, пренесе Укринформ.
Зеленски оцени дека не е можно да се преговара со рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека не се плаши од политички притисок.