500 г пилешки гради
300 г ситни макарони (или било кои тестенини
200 г кисели краставички
200 г ленти чадена сланина
6 варени јајца
300 мл кисела павлака
300 г мајонез
сок од 1 лимон
масло, сол и мелен црн пипер
Тестенините сварете ги во посолена вода и исцедете ги.
Пилешките гради исечете ги на шницли, зачинете и испржете. Исечкајте ги на парчиња, ставете ги во длабок сад и додадете ги тестенините.
Сланината испржете ја, исечкајте ја на коцки и додадете ја во садот. Потоа додадете ги исечканите варени јајца и краставички. Посолете и зачинете со црн пипер.
Додадете ги павлаката, мајонезот и лимонов сок, и премешајте ја салатата.