Состојки:
темно чоколадо
млеко (по можност растително, лешник или бадем)
кафеав шеќер
црвено вино по ваш избор
по желба можете да додадете и цимет
Подготовка:
Чоколадото растопете го во млекото во сооднос 2:1 (млеко:чоколадо). Почекајте чоколадото целосно да се стопи со постојано мешање со лажица за чоколадото да стане свиленкасто. Додадете околу четвртина или петтина од виното во однос на добиената смеса и оставете да зоврие. Исклучете го шпоретот, засладете со сируп или шеќер по желба. Почекајте малку да се излади за да можете целосно да уживате во вкусот на овој идеален зимски пијалок.