Ако барем еднаш сте нарачале пица, тогаш сигурно сте ја виделе пластичната „маса“ на средината кога сте ја отвориле картонската кутија. Некои имаат три „нозе“, некои четири.
Но, дали знаете за што служи овој предмет и која е неговата практична намена.
Таа пластична „маса“ служи како заштита на пицата од капакот на кутијата за тој да не може да се залепи за храната. Бидејќи пицата сè уште е многу топла кога с пакува, пареата што излегува од неа го ослабува картонот, па капакот може да се залепи за мекиот фил на пицата.
Овој заштитник за пица го измислила Кармела Витале во 1985 година. Пластично парче со „заби“ се наоѓа во центарот на пицата за да спречи капакот да се спушти и да се залепи за пицата.
Направен е од пластика за да биде лесен, но отпорен на топлина и обично има три ногарки и рамна површина за да биде што е можно поцврсто, а притоа да се минимизира количината на оштетување на пицата.