Меѓутоа, здравствената, финансиската и семејната ситуација играат голема улога во донесувањето на одлуката.
Затоа, „најсигурни знаци“ дека сте подготвени за ново бебе се ако постојано размислувате за тоа како би било да имате уште едно дете и ако често разговарате за тоа со партнерот.
Исто така, важно е да се утврди дали постарото дете сака братче или сестричка и да се направи план за да не се почувствува запоставено во целиот тој процес што ќе следи.
Ако го имате решено ова, време е да почнете да работите на случајот.
Ако со сопругот се сложувате дека е време за ново бебе и вашето дете е подготвено за промената, треба заедно како семејство да се подготвите за да може да ја дочекате приновата во најдобри можни услови.
Бременоста и породувањето на некои жени им се лесни, а за некои се пропратени со многу тегоби. Некои жени по породувањето си „ветуваат“ дека никогаш веќе нема да поминат низ тие маки, но тие чувства биле реални и треба да ги преиспитате.
Ако сте заборавиле на овие проблеми и се чувствувате подготвени за ново патешествие низ бременоста и породувањето, а потоа и мајчинството, тогаш – време е за бебе.
Ако веќе размислувате активно на оваа тема, најновите истражувања покажуваат дека сè повеќе жени забременуваат во периодот околу новогодишните празници, а причината за тоа е што надвор е студено, а на партнерите им е многу подобро дома.
Истражувањата покажуваат дека квалитетот на спермата е подобар во зима, како и рецептивноста на јајце-клетките, со што се зголемуваат шансите за зачнување.